ОРЦЕ И ЈА ПРЕДАДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА НА СТАМЕНКОСКА: „Верувам дека најдоброто за Кисела Вода допрва доаѓа“
Новоизбраната градоначаничка на општина Кисела вода, Бети Стаменковска Трајкоска, на социјалните мрежи објави фотографии од преземањето на градоначалничката функција во Кисела Вода.
„Денес, со голема чест и чувство на одговорност, ја преземам функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.
Ова не е само позиција — ова е можност да придонесам за напредокот на нашата заедница и да создадам подобри услови за секој жител на Кисела Вода. Ќе продолжам да работам со срце, посветеност и љубов за сите вас.
Искрено им благодарам на сите за поддршката и довербата.
Посебна благодарност упатувам до досегашниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и до сите кои досега работеа за напредокот на нашата општина. Ќе продолжиме заедно, со уште поголема сила и единство, да создаваме општина на која сите ќе се гордееме.
Со поддршката од Градот Скопје и со заедничката визија со Орце Ѓорѓиевски, верувам дека најдоброто за Кисела Вода допрва доаѓа, напиша таа.
Слично
