Орце го доби уверението, Данела не го пречека: Почнуваме со чистење вечерва во 20.30 часот
Орце Ѓорѓиевски официјално седна во градоначалничката фотелја на Скопје откако го доби уверението, без да биде пречекан од досегашната градоначалничка Данела Арсовска на примопредавањето на канцеларијата.
Доскорешниот градоначалник на Кисела Вода им порача на скопјани дека градот ќе биде исчистен за 72 часа, а сметањето на времето треба да започне од вчерва о0д 20.30 часот.
„Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.
Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност.
За мене поделбите не постојат - она што е моја водилка е обезбедување на подобра иднина и достоинствен живот за сите. И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!
Скопје, почитувани, го менуваме од корен! Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.
А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат.
Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги започнуваме во наредните денови - инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста - Скопје конечно ќе биде отворен град“, објави новиот градоначалник.
Слично
