Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орце Ѓорѓиевски за Градски воз: Ќе има адаптирање на линиите

Орце Ѓорѓиевски за Градски воз: Ќе има адаптирање на линиите

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија, за Градски воз посочи дека тој лично смета дека истиот ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град и дека се работи на адаптирање на линиите на истиот.

„Ќе има адаптирање на линиите, има тело коешто работи во соработка од страна на службите на Градот Скопје, ЈСП Скопје, Министерството за транспорт, поточно Железници транспорт, каде што ќе пробаме на одредени позиции да ги адаптираме линиите како собирни точки на местата каде што ќе бидат железничките станици каде што граѓаните ќе можат да го користат Градскиот воз. Според мене лично, мислам дека ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град“, заврши Ѓорѓиевски.

Ова беше ветување од предизборната кампања. 

Слично

Поврзани вести