Орце Ѓорѓиевски победи во Скопје со помалку гласови од Трифун Костовски?
Орце Ѓорѓиевски е победник на локалните избори за градоначалник на Скопје со најмал број на гласови досега, иако главниот град постојано го зголемува населението и гласачкиот електорат.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, според речиси конечните резултати на Државната изборна комисија, по преброени 99,12 отсто од гласовите, освоил 94.633 гласови, наспроти Амар Мециновиќ од Левица, кој добил поддршка од 60.528 граѓани.
2021 : Данела Арсовска 118749
2017 : Петре Шилегов 141 164
2013 : Коце Трајановски 124 455
2009 : Коце Трајановски 112 331
2005 : Трифун Костовски 96180
Иако победата на Ѓорѓиевски е со значителна разлика, бројот на освоени гласови е помал од оној со кој победи Данела Арсовска во 2021 година, кога беше поддржана токму од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска тогаш освои 118.749 гласови. Бројот на неважечки ливчиња во вториот круг е 10.314.
Споредено со првиот изборен круг, Ѓорѓиевски ја зголемил својата поддршка за околу три илјади гласови, откако тогаш освои 91.663. Од друга страна, Мециновиќ речиси го дуплирал бројот на гласови во вториот круг, откако во првиот за него гласаа 30.665 граѓани. Во Град Скопје се регистрирани 474.304 гласачи.
