Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода не и плаќаше на „Лајка“ зошто не ја добиваше услугата
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница рече дека Кисела Вода ѝ останала должна на „Лајка“ околу 6 милиони денари, уште од времето додека тој беше на чело на оваа општина, затоа што,како што рече,не ја добивале потребната услуга.
- Доколку Лајка постапува во општините соодветно и немаме поилјадници граѓани коишто се каснати од кучуче и тужби од граѓани, а Град Скопје плаќа, ако „Лајка“ не си ја врши соодветно својата работа тогаш не гледам здраворазумска логика некој да плаќа за истото. Јас сум човек што не ги менува ставовите и стојам на тоа што сум го кажал пред 4 години. Во наредниот период ќе работиме не само на поголема консолидација на „Лајка“, туку и на сите јавни претпријатија – рече градоначалникот одговарајќи на советничко прашање на денешната седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје.
Според него, ЈП „Лајка“ не е во толку лоша состојба како што се мисли, но дека сепак во буџетот за наредната година ќе предвидиме средства за ширење на капацитетите за подобрување на условите и на вработените и на уличните кучиња кои се згрижени таму.
