Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орце Ѓорѓиевски го прогласи Скопје за исчистено: Фрлени 300 тони сол

Орце Ѓорѓиевски го прогласи Скопје за исчистено: Фрлени 300 тони сол

Градоначалникот на Скопје,Орце Ѓорѓиевски, го прогласи главниот град за исчистен и прооден за сообраќај,како и тоа дека се фрлени 300 тони сол на булеварите и главните улици кои влегуваат во рамки на надлежностите.
„Скопје, чисто и проодно!

Со навремена и организирана реакција, градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол, обезбедивме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Грижата за безбедноста на граѓаните и функционалноста на градот останува наш приоритет, Скопје мора да функционира, без разлика на временските услови“, објави Ѓорѓиевски.


Слично

Поврзани вести