Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија

„Мојот народ одлучува“ - форуми за креирање на Буџетот за 2025 година 

Вечерва, во големата сала на општина Кисела Вода се одржа Буџетски форум, организиран со цел креирање на буџетот за 2025 година.

Заедно со мојот народ, го трасираме нашиот заеднички пат кон креирање на буџет на Општина Кисела Вода кој е одраз на нивните потреби, идеи и приоритети.

Жители на општината, претседатели на местни заедници, секретари и членови на одборите активно дискутираа со мене и раководителите на секторите од општинската администрација.

Граѓаните предлагаа идеи од различни области како што се инфраструктура, образование, култура, создавање на паркинг места и многу други.

Овој настан, претставува можност граѓаните директно да учествуваат во дефинирањето на приоритетите и потребите на локалната заедница.

Сите предлози беа разгледувани од финансиски и технички аспект, при што голем дел од нив беа прифатени за понатамошна реализација.

Настанот продолжува утре со нова форумска сесија на која граѓаните ќе земат активно учество во одредувањето на приоритетите за буџетот за 2025 година.

Заедно за поубава Кисела Вода!


Слично

Поврзани вести