Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 рече дека Управата за финансиска полиција работи на неколку случаи во врска со комуналната хигиена, но дека за тоа не смее да изнесува повеќе детали во јавноста.
„Граѓаните не треба да ги интересира чива надлежност е контејнерот, тука ќе има сериозни постапувања, гледам дека има сериозни заложби од институциите, особено од Финансиската полиција која работи на неколку предмети но не смеам да обзнанувам детали во јавност“, вели Ѓорѓиевски.
Тој додава Финансиска полиција има подигнато обемна документација од Град СКопје и од комуналните претпријатија. Најмногу документација е одземена од Комунална хигиена,ЈСП - Скопје, Град Скопје, но и од Паркови и зеленило. Рече дека сето тоа било смислено сценарио на одредени поединци и дека неговата претходничка имала,како што рече, „командна одговорност“.
„Се знае кој е тој што е со име и презиме, а тоа е мојата претходничка Данела Арсовска која имала командна одговорност“, додаде Ѓорѓиевски.
