Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орце Ѓорѓиевски доби благослов од Г.г.Стефан пред локалните избори

Орце Ѓорѓиевски доби благослов од Г.г.Стефан пред локалните избори

Канидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ден по номинацијата отиде да побара благослов од архиепископот на МПЦ-ОА, Г.г.Стефан.
„Денес бев на прием кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети. Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје. Како што ви ветив, секој ден ќе сум со вас, во сите населби и маала на терен.

Ќе се видам со секој од вас, во секое маало и уличка, секое населено место и од вас, од вашите проблеми ќе ја креираме новата победничка програма со која Скопје ќе го возобновиме“, објави градоначалникот на Кисела Вода.


Слично

Поврзани вести