Орце Ѓорѓиевски денес на чист воздух зад Водно
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес попладне зад Водно присуствуваше на традиционално собирање бадникови гранчиња и барем попладнето го избегна загадениот воздух.
На 33-годишната традиција на симболичното сечење и собирање бадникови гранчиња, во пресрет на големиот христијански празник Бадник, присуствуваа и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски.
Во месноста Говрлевска Краста, традицијата што ги поврзува кумот и здравичарот повторно обедини голем број граѓани, кои собраа бадникови гранчиња за благослов и украсување на своите домови.
Оваа гдина кум е Зоран Кондратенко а здравичар Јаков Дренковски. Граѓаните наедно ја искристија можноста да вдишат посвеж воздух.
