Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРБАН: Процесот на зачленување на Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Македонија

ОРБАН: Процесот на зачленување на Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Македонија

Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, процесот на зачленување на Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Македонија, туку членките на Европската Унија(ЕУ). Ова тој го изјави попладнево од Будимпешта на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, јави известувачот на МИА.

„Не само што е срамно што овој процес толку бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија, туку ние, членките на Европската Унија. Затоа ние го поддржуваме зачленувањето на Македонија. Европската Унија мора да ја подобри конкурентноста и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста од проширувањето. Досега секое проширување на Европската унија донесе само добро“, изјави Орбан.

За билатералните односи, Орбан рече дека трговската размена постојано се зголемува. Како што објасни, таа од 2010 година досега е седумпати зголемена. 

„Македонија и Унгарија заедно со Србија припаѓаат на иста економска регија. По наше мислење овој простор може да биде заедничка економска зона каде што соработката може да донесе огромен еконосмки потенцијал. Проблем е тоа што ние сме во Европската Унија, а овие две држави се надвор од Унијата. Што можеме да направиме? Можеме да изградиме најинтензивни билатерални односи“, рече Орбан.

Најави дека се подготвува и потпишување на меѓувладина економска спогодба.

Во однос на војната во Украина, Орбан рече дека Унгарија останува на ставот дека војната треба да прекине и дека ги поздравуваат преговорите меѓу САД и Русија.

Двајцата премиер разговарале и за миграцијата, а од страна на унгарскиот премиер биле поздравени напорите на Северна Македонија за чување на границата. Инаку, соседна Албанија почна преговори со ЕУ лани, а Македонија не. Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести