Oрбан: Немам време да дишам, а не па да се сретнам со Груевски
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан демантираше дека се сретнал со поранешниот македонски премиер, Никола Груевски откако тој избега во Унгарија, каде што доби политички азил.
Вели дека таква средба не се случила.
„Јас немам време да дишам, а не па да се сретнам со Груевски“, изјавил Орбан, пренесе унгарскиот сајт Азонали.
Тој вети дека ако има средба со Груевски ќе извести за тоа.
Минатата недела Груевски доби азил во Унгарија откако избега од Македонија со помош на унгарски дипломати во Будимпешта, преку Албанија, Црна Гора и Србија.
Орбан повторно му се заблагодари на Груевски за затворањето на имиграционата рута и додаде дека поранешниот премиер на Македонија бил жртва на меѓународен прогон на организациите на Џорџ Сорос. Орбан, сегашната ситуација во Македонија ја опиша како земја во која се случуваат политички игри, каде е вмешано и владеењето на правото.Груевски две недели е во Унгарија. Тој за случајот „Тенк“ требаше да одлежи две години затвор, но има и повеќе судски процеси против него.
Слично
