Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРБАН ИМ ДАВА ПОДДРШКА НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ - не е исто кој ќе биде на власт

ОРБАН ИМ ДАВА ПОДДРШКА НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ -  не е исто кој ќе биде на власт

Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна одлука, се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е исто каков ќе биде резултатот на овие избори, вели преку видео-обраќање унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

„Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани. Можеме многу да помагаме едни на други. Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија“, вели Орбан.

Орбан во видеото вели дека изборот е на македонскиот народ за себе да одбере влада која „ќе ви дава повеќе од досегашната влада на власт“.

„Сепак, ние тука во Унгарија навиваме за нашиот пријател Мицкоски и би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која ни влева доверба по прашањето на иднината. Веруваме дека ќе имаат добар настап и се надеваме дека вие ќе ги поддржите и Македонија ќе добие влада со која во годините што ни претстојат ние Унгарците добро ќе соработуваме и заедно ќе градиме поубава иднина и на која влада ќе можеме ќе можам и јас лично да пружиме помош“, вели Орбан во својата видео поддршка за сега опозициската партија во земјава.

Претходо, пак, Зоран Заев и СДСМ добија поддршка од левичарските пријатели во Европа, односно од премиерот на Шпанија, Педро Санчез, како и од поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Слично

Поврзани вести