ОРА ЊУЗ СО ПРИЛОГ ЗА ТРАЈЧЕ ЗАЕВ - дали функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странски агенции
Албанската телевизија „Орањуз“ синоќа објави прилог , под наслов „Аудио снимките што го загрижија Трајче Заев: Не ја издавајте книгата!“, а во него тврди дека лице кое ќе биде заштитено од правдата, поседува неколку аудио снимки, кои покажуваат дека високи функционери од нашата држава директно интервенирале за да ја направат неуспешна операцијата против шверцот со наркотици, преземена од странски
Од текстот што е објавен заедно со видеото не може да се извлечат многу детали, но се објавува дека на тие аудио снимки има имиња од коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на „сините униформи“.
Лицето кое ги поседува аудио снимките, како што објавува Ора Њуз, најпрвин комуницирало со Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, известувајќи го за ситуацијата. Заев, откако ја преслушал аудио снимката, му одговорил со кодирана порака:
„Мислам дека би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене, оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“.
Сепак телезијата не објавува која точно акција на странски агенции ја спречиле високите функионери. Од она што е познато во јавноста, името на Трајче Заев и акција на странски агенции ги поврзува акцијата на американската ДЕА кога спречи шверц на марихуана и беше уапсен возачот на Трајче Заев.
Во април 2021 година во акција на МВР со американската агенција ДЕА беа запленети двесте килограми марихуана во вредност од 800 илјади евра, а беа приведени шест лица, меѓу кои полициски командир од Прилеп, Кире Спиркоски Чипсио, но и Александар Ушликовски, за кого опозицијата тврди дека е личен возач на Трајче Заев.
Фактор испрати прашање до Трајче Заев дали би сакал да ги коментира овие шпекулации, но досега немаме одговор.
