Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оптимизмот во Заев не умира: Премиерот подготвен на избори со опозицијата во 2020

Оптимизмот во Заев не умира: Премиерот подготвен на избори со опозицијата во 2020

Ако  сака избори опозицијата, тие може да се одржат во октомври 2020. Ова го кажа премиерот Зоран Заев од Куманово каде денес беше отворен новиот Ургентен центар.

Премиерот искажа оптимизам, а како што вели, ако опозициската гарнитура сака предвремени избори, тие би можеле да се случат за две години.

Заев меѓудругото истакна дека го охрабриле преговорите со работните групи за новиот закон за ЈО на кои беа приближени ставовите.

Претседателот на Владата додаде дека нема да го обесхрабри ниту пораките од ВМРО ДПМНЕ дека е бадијала работата на работните групи и дека на крајот нема да има гласање ако нема предвремени избори.

-Тоа нема да не обесхрабри да продолжиме да работиме да ги приближиме ставовите преку работните групи-кажа Заев.

Слично

Поврзани вести