Општокорисна работа за малолетници – нова стратегија на Општина Центар
На работната средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека превенцијата од вандализам и воведувањето општокорисна работа се клучни алатки за справување со овој сè почест проблем кај малолетниците.
„Заклучивме дека е неопходна координирана акција на целата заедница. Во таа насока, отпочнуваме пилот-проект кој ќе ги опфати учениците, наставниците и родителите“, рече Герасимовски.
Тој додаде дека „ова е сериозна појава која може да се надмине само преку заедничка соработка на сите институции“. Иницијативата за воведување на општокорисна работа е поддржана од ЗЕЛС и позитивно оценета од експертите на УНИЦЕФ.
Слично
