Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Општинските татковци" и „мајката на градот" чекаат дождот да им ја заврши работата - Доктор Беќаровски со остра критика

„Општинските татковци" и „мајката на градот" чекаат дождот да им ја заврши работата - Доктор Беќаровски со остра критика

Доктор Нико Беќаровски со остра критика за состојбите во главниот град на Македонија. Тој се осврна последно на прашината во метрополата, и на потребата повторно да се обнови миењето улици во главниот град. 

- Со само едночасовна прошетка низ скопските улици и тротоари ќе проголтате повеќе прашина отколку за една недела во Кападокија или Сахара.

"Општинските татковци" и "мајката на градот" очигледно повторно чекаат дождот да им ја заврши работата за која се избрани.

Поздрав од пола милион "скопски сирачиња" кои секој ден безмилосно ги труете - напиша Беќаровски на Фејсбук. 



Слично

Поврзани вести