Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПШТИНИТЕ СЕ ФАТИЈА ЗА РАБОТА: Се чистат булевари, ѓубрето го собираат општинските комунални претпријатија

ОПШТИНИТЕ СЕ ФАТИЈА ЗА РАБОТА: Се чистат булевари, ѓубрето го собираат општинските комунални претпријатија

Со оглед на тоа што во секоја населба изминативе денови се евидентирани преполни контејнери, градоначалниците на општините во Скопје, со своите локални јавни претпријатија одлучија да се фатат за работа.

Па така, во Кисела Вода, се расчистува булеварот „Борис Трајковски“.

„Во голема организирана акција го расчистуваме булеварот ,,Борис Трајковски”

Денес, заедно со нашите сезонски работници се вклучивме во голема акција за расчистување на булеварот ,,Борис Трајковски”.

На ова му претходи фактот што до нас секојдневно стигнуваа и сѐ уште пристигнуваат поплаки од граѓаните кои секојдневно го поминуваат овој дел од градот, се жалат на хигиената и одржувањето на булеварот.

Огромни нараснати тревни површини, смет и песок, беше она кое го затекнавме на терен и е постојана грда глетка.

Покрај тоа, претставуваше и опасност по безбедноста на овој прометен булевар.

Станува збор за делница која ја користат над 100.000 жители, односно не само граѓаните на Драчево туку и од Студеничани, Батинци, Зелениково и Долно Лисиче.

Ние не можевме да останеме глуви на барањата на граѓаните и се впуштивме во акција.

Ваквите и слични акции ќе продолжат и во иднина, а силно верувам дека понатаму со поголема поддршка од надлежните претпријатија.

Истовремено, упатувам апел до сите учесници во сообраќајот да бидат поодговорни и да не фрлаат отпадоци долж велосипедската патека“, напиша Орце Георгиевски на фејсбук.



Во друга објава пак, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека нема да дозволи Гази Баба да прерасне во дива депонија.
„Поради нефункционалноста на ЈП Комунална хигиена на повеќе локации низ општина Гази Баба околу контејнерите за смет се направени диви депонии.

Со оглед на тоа дека ваквата состојба трае веќе неколку недели, а ЈП Комунална хигиена не постапува за подигање на комуналниот смет, утрого го задолжив директорот на ЈКП Гази Баба веднаш да излезат на терен и да се собере целиот комунален отпад кој се наоѓа околу контејнерите за смет!

Нема да дозволам поради нечија неспособност, општина Гази Баба да прерасне во дива депонија!

Фотографиите за моменталната состојба се доказ дека револтот на граѓаните е оправдан, а ние постапуваме во интерес на граѓаните со цел да спречиме ширење на зарази, неподнослив мирис и слично.

Јавно апелирам и барам, ЈП Комунална хигиена да го почитува утврдениот распоред за подигање на комуналниот смет од улиците!“, напиша тој на фејсбук.



Слично

Поврзани вести