ОПШТИНИТЕ САМИ ЧИСТАТ, ЦЕНТАРЦИ ДУРИ ГИ МИЈАТ И УЛИЦИТЕ - Но не кажуваат каде се носи ѓубрето
Скопските градоначалници се мобилизираа по крахот во системот на собирње на сметот во главниот град.
Утрово со објава на Фејсбук се јави и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, кој со пост се заблагодари на вработените во комуналанта служба на општината и посочи дека ѓубрето е собрано, о и дека се мијат улиците по собирањето на сметот.
- Рано наутро започнавме со чистење на цел Центар. Вклучени се сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација како и голем камион за кревање на контејнери. Покрај собирањето на ѓубре на терен е и цистерната која ги мие контејнерите и просторот околу нив каде има натрупано вреќи со отпад кои предизвикуваат непријатна миризба.
Состојбата со отпадот во која се најдоа сите општините не смее да се повтори! - напиша Герасимовски.
Сепак, тој не откри каде ќе се носи сметот од општината, дали веќе се прифаќа во Дрисла, ниту како е договорено да се одвива во следните денови собирањето на семтот.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
