Општините да аплицираат за 25 милиони евра за капитални проекти
Министерството за финансии го објави јавниот повик на кој локалните самоуправи треба да аплицираат за капитални проекти со тоа што на располагање имаат 25 милиони евра. Средствата не се големи, но може да се искористат за решавања на повеќе функционални проблеми во општините.
Условите под кои општините ќе можат да аплицираат за средства од проектот се исклучително поволни – рок на отплата до 13 години со вклучен грејс период до 3 години и каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Република Македонија кон Светска банка, односно 6-месечен Еурибор.
Средствата од проектот ќе се разгледуваат по принцип „прва пријавена – прва услужена општина” врз основа на одобрена техничка документација во согласност со критериумите од проектот.
Краен рок за доставување на апликациите од општините е два месеци од денот на објавување на повикот, односно најдоцна до 7 ноември 2016 година. Средствата се обезбедени преку Светска банка и истите се наменети за капитални проекти во општините со кои ќе се подобрат условите за живеење.
Слично
