Општина Зрновци го дочека првото новороденче во 2023
Зрновци како мала општина од истокот на земјата со над 3.000 жители, конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година.
Тања и Горан Атанасовски го добија своето петто дете на акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани.
Се роди здраво машко бебе, кое ќе биде петтиот син на Атанасови и ќе се вика Мартин.
Породувањето го извршил единствениот гинеколог со кој во моментот располага кочанската болница, а бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри.
Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци и најави голема помош и поддршка за семејството.
Слично
