Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПШТИНА ТЕТОВО ДА ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ: Куче искаса дете

ОПШТИНА ТЕТОВО ДА ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ: Куче искаса дете

Куче искаса дете на возраст од 10 години во Тетово. 

На 29 март во СВР Тетово З.И. (45) од Тетово пријавил дека на улицата „Бане Стефановски“ во градот,  куче скитник го каснало неговиот син.

Мајката на детето на Фејсбук напиша дека нејзиниот син играл пред детска градинка при што го нападнале шест улични кучиња, а едно го каснало. Таа ја повика општината Тетово да се грижи повеќе за безбедноста на граѓаните. Тетовчани преку медумите се жалеа за големиот број опасни, бездомни кучиња. Претходните години во јавност се појави снимка како глутница кучиња напаѓа човек на улица во Тетово ноќе, по што притрчаа граѓани и помогнаа. 

Слично

Поврзани вести