Општина Струмица го укина терминот „родова еднаквост“
Општина Струмица го отфрли терминот „родова еднаквост“, на негодување на организациите кои ги застапуваат интересите на трансродовите лица.
Советниците со 23 гласа „за“ изгласаа новата стратегија за млади на општината да го отфрли терминот „родова еднаквост“, а немсто тоа да стои „еднаквост помеѓу мажите и жените“.
Ова го потврди и градоначалникот Костадин Костадинов, кој апелира
секаде каде што стои терминот „родова еднаквост“ тој да се замени со еднакви можности помеѓу жените и мажите“, пренесува Телма.
Ваквото решение доаѓа додека Законот за родова еднаквост е во фаза на консултации.
Предлогот за гласање го поднел советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ристов.
Одлуката ја поздравил и струмичкиот епископ Јаков Стобиски.
Слично
