Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПШТИНА СТРУГА ЗАБРАНУВА ШЕТАЊЕ ВО КОСТИМИ ЗА КАПЕЊЕ НИЗ ЦЕНТАРОТ: „Гостите и туристите да ги почитуваат правилата“

ОПШТИНА СТРУГА ЗАБРАНУВА ШЕТАЊЕ ВО КОСТИМИ ЗА КАПЕЊЕ НИЗ ЦЕНТАРОТ: „Гостите и туристите да ги почитуваат правилата“

Утинава низ центарот на Струга се забележуваат знаци за забрането движење во костими за капење, за што има известување и од самата оптина. Велат дека се забранува шетањето по бикини и костими за пливање во центарот на градот, особено во делот од чаршискиот мост до Зелениот пазар.

-Одлуката е донесена со цел почитување на јавниот ред, особено во летната, туристичка сезона. Бараме од сите гости и туристи кои се разладуваат во езерото или Црн Дрим да ги почитуваат правилата по бонтон и јавен ред и да не прикажуваат голотија во јавните простори. Вашето однесување е сликата на градот, па ајде сите заедно да се обидеме да ја задржиме позитивната слика за една туристичка дестинација како што е Струга.

Ви благодараме многу!, се наведува во објавата на Општина Струга.




Слично

Поврзани вести