Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Советот на општина Сарај во петокот го изба Иљас Весели за в.д градоначалник на Блерим Беџети, кој во меѓувреме стана пратеник во Собранието.

Весели како единствен кандидат беше изгласан со 16 гласа и вети дека ќе продолжи со работите и обврските како и со тековните проекти со цел непречено функционирање на општината и услугите на граѓаните. 

Редовните локални избори ќе се одржат во октомври 2025-та година. До тогаш останува нешто повеќе од една година, па оправданоста на промените на Законот за локална самоуправа подносителите ја бранат со економски причини. Велат дека нема потреба да се распишуваат вонредни локални избори, да се трошат пари, а потоа за речиси една ипол година, да се прави истото во тие општини.

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ имаат 78 пратеници, но да ги изгласаат промените, потребни им се најмалку 80. СДСМ и Европскиот фронт засега се без официјален став по ова прашање.


Слично

Поврзани вести