Општина Охрид нема да прима странки поради ширењето на коронавирусот
Општина Охрид одлучи да не прима странки поради ширењето на коронавирусот.
По налог на градоначалникот Константин Георгиески, од денеска општинската зграда ќе биде затворена за странки. Сите надлежни служби ќе работат непречено, а граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, што се достапни на општинската веб-страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде ќе можат писмено да се обратат. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот. Охрид, Кавадарци, Неготино, Прилеп се градовите каде вирусот зема замав. Бројот на активни во Охрид вчера беше 417.
