Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Куманово поднесе кривична пријава за музејот на ДУИ во Сопот

Општина Куманово поднесе кривична пријава за музејот на ДУИ во Сопот

Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група на непознати лица за узурпација на недвижности и бесправно градење во случајот со меморијалниот комплекс на ДУИ во кумановско Сопот.

„Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар.

Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно постапување“, соопштина Општина Куманово.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 5 ноември во кумановското село Сопот го претстави пред јавноста меморијалниот центар за извршен масакр над албанското население од 1944, но објектот практично наликува на музеј на УЧК, а имаше и изгравирана мермерна плоча со исцртана „Голема Албанија“, која потоа беше тргната.

Слично

Поврзани вести