Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Кочани бара заболените јавно да признаат: Стравуваат за стотици заразени

Општина Кочани бара заболените јавно да признаат: Стравуваат за стотици заразени

Општина Кочани ги повика жителите на овој град кој се позитивни на коронавирусот сами да сооптоат дека се заразени, најмногу поради тоа што така, како што велат заразата поелсно ќе биде совладана.

Во градот Кочани според последните податоци има седум лица потврдени позтивни на коронавирусот, но граѓаниет стравуваат дека има многу повеќе со оглед на тоа што жител штое позитивен и моментно хоспитализиран на Инфективната клиника имал во изминатиов период контакти со најмалку 200 лица. Зошто постапувал така, најверојатно ќе биде дел од идните испитувања, но жителите на градот и јавно бараат лицата да се идентификуваат ако се заразени. дел од нив ќе почнаа да објавуваат на социјалните медиуми. 

Сепак објават на општината предизвика вниамние со оглед на тоа што пациентите имаат право на доверливост.

„Пациентот има право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои мора да се чуваат во тајност. Ова е законска одредба, затоа институциите не ги објавуваат имињата на лицата коишто се заразени од КОВИД-19. На седницата на Општинскиот кризен штаб што се одржа денеска, медицинските лица предложија лицата што се заразени, самите јавно да го соопштат тоа, за да знае секој што доаѓал во контакт со нив како да се однесува понатаму. Во тоа нема ништо срамно, напротив е многу солидарно!

Така ќе се избегнат жигосувањата и шпекулациите. Така, со точни информации за она што ни се случува и со навремени и правилни мерки, заразата полесно ќе биде совладана, стои во објавата од општина Кочани.

Слично

Поврзани вести