Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Кисела Вода со нови паркинзи

Општина Кисела Вода со нови паркинзи

Во општина Кисела Вода почнаа активности за изградба на две нови јавни паркиралишта лоцирани на улицата „Христо Татарчев” на 800 метри квадратни површина. Градежните работи ги изведува фирмата „Урбан инвест“.

Освен партерно уредување пред станбените згради, на улицата ќе се направат и тротоари широки 1,5 метар.

Според Општината, две нови јавни паркиралишта ќе се изградат и на улицата „Божидар Аџија” на површина од 800 квадратни метри, но по реализирањето на оние на „Христо Татарчев”.

Изградбата на паркиралиштата е дел од општинската програма Комунални дејности во чии рамки се спроведува акцијата за партерно уредување на јавните површини на територијата на Кисела Вода.

Слично

Поврзани вести