Општина Карпош: За нелегалното градење верски објект во Злокуќани инспекторатот одреди 15 дена за доброволно отстранување
Од Општина Карпош велат дека во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, во саботата (8 јануари 2022 година) инспекциската служба на Општина Карпош излезе на терен.
„Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам“, соопштија од Општина Карпош.
Слично
