Општина Карпош со помош од по 100.000 денари за семејствата на загинатите кај скопската обиколница
Општина Карпош донесе одлука да додели по 100.000 денари за семејствата на четирите жртви кои загинаа во сообраќајна несреќа на скопската обиколница, меѓу кои трите млкади 20-годишни момчиња и таткото на едно од момчињата, познатиот баритон Ристе Велков.
Несреќата се случи минатиот месец кога во возилото во кое се превезувале удрил камион управуван од косовски државјанин, кој изгубил контрола, ја пробил заштитната ограда и преминал на спротивната коловозна лента.
„14-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗАПОЧНА СО ЕДНОМИНУТНО МОЛЧЕЊЕ ВО ЗНАК НА ПОЧИТ КОН ЗАГИНАТИТЕ ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА
Советот донесе одлука за доделување еднократна парична помош од 100.000 денари по лице за семејствата погодени од трагедијата“, објави општината меѓудругото.
Слично
