Општина Карпош обележува паркинг места за наплата
Општина Карпош започна со обележување на паркинг местата во Карпош 1, каде што смета дека со наплатата за зонско паркирање ќе се воведе ред во урбаниот хаос.
Наплатата треба да започне овој месец. Најпрво зонско паркирање ќе се воведе на улицата Орце Николов и споредните улички во населбата Карпош 1 што се граничи со општина Центар.
ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час.


Слично
