Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

По веста дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против градоначалник на една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, се јавија со реакција од Општина Карпош. 

Од Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана. 

„Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар. Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба. Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се вели во реакцијата. 

Од полицијата велат дека истрагата покажала дека групата, во која освен градоначалникот спаѓаат и пет вработени во Секторот за урбанизам во општината, овозможила на едно правно лице да легализира бесправно изградени тениски терени, иако тоа е спротивно на важечките закони.

Додаваат дека со потписите на градоначалникот и членовите на комисијата, било издадено решение за утврдување на правен статус на бесправниот објект, со што на правното лице му било овозможено да стекне имотна корист од околу 147 милиони денари. 

Слично

Поврзани вести