Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Гостивар одреди по колкава сума ќе дава за починатите од автобуската несреќа

Општина Гостивар одреди по колкава сума ќе дава за починатите од автобуската несреќа

Советот на општина Гостивар донесе одлуката на семејствата на настраданите од автобуската несреќа кај Ласкарци да им помогне со по 30.000 денари, а на останатите патници по 15.000 денари.

– Дел од семејствата и граѓаните на кои им следува оваа еднократна паричната помош, веќе се пријавиле, додека останатите за да го остварат правото мора да поднесат барање, соопштија од општина Гостивар.

Отвпрена е и донаторска сметкам а средствата може да се донираат на: 716014021578990 Приходна шифра: 72591600 Цел на дознака: Поддршка на настраданите во трагедијата во Ласкарци  Дополнително ќе се одлучи за начинот и износот што ќе биде доделен поединечно.

– Гостиварци и граѓаните на Македонија генерално, отсекогаш знаеле да се покажат како хумани и солидарни. Да го докажеме и овојпат нашиот хуманизам и да ги споделиме болката и загубата заедно со настраданите во најголемата трагедија што го погоди Гостивар, велат од локалната самоуправа.



Слично

Поврзани вести