Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Гостивар конечно доби буџет за 2018 година

Општина Гостивар конечно доби буџет за 2018 година

На второто продолжение на третата седница на Советот на општина Гостивар е изгласан буџетот на општината за 2018 година. 

Буџетот беше поддржан од мнозинство на членовите во Советот со 16 гласа за во кое беа прифатени измени и скратувања на ставки за времени вработувања и трошоци.

Донесувањето на оваа одлука значи услови за нормализирање на финансиското функционирање на локалната самоуправа, која поради немање буџет, од јануари до сега беше под мерка „времено финансирање“ преку Министерството за финансии.

Општина Гостивар доби буџет во износ од 17 милиони евра.


Слично

Поврзани вести