Општина Гази Баба сама ги прави клупите во своја работилница
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека јавното комунално претпријатие на оваа општина интензивно работи на изработка на нова урбана опрема
Во рамки на јавното претпријатие се наоѓа работилницата која е опремена со најсовремен алат за изработка на нова урбана опрема.

„Вработените на ЈКП Гази Баба интензивно работат на изработка на нова урбана опрема. Нови форми на клупи и модерни цветни фигурни наскоро ќе ја красат нашата Гази Баба.
Во периодот пред нас ќе се започне со акција за поставување на нова и реконструкција на веќе поставената урбана опрема во сите населени места низ општина Гази Баба.

ЈКП Гази Баба преставува вистински сервис на граѓаните. Покрај грижата за водоснабдувањето на жителите во руралниот дел на општината, комуналната хигиена на целата територија, тие посветено работат на изработката на нова урбана опрема со која нашите граѓани добиваат модерни катчиња за одмор и рекреација“, објави градоначалникот Стефковски.
Слично
