Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Дебар удри по дивоградбите: Отстранети 8 дивоизградени објекти

Општина Дебар удри по дивоградбите: Отстранети 8 дивоизградени објекти

Општина Дебар спроведува  акција за  отстранување на дивоизградени објекти кои се наоѓаат на јавна површина, а почна со оние  во близина на Центарот за култура. 
 
-По иницијатива на градежниот инспекторат при Општината и во целосна координација со граѓаните, за првпат беа отстранети 8  дивоизградени објекти кои се наоѓаа на јавна површина. Оваа акција не беше реализирана со сила или тензии, туку преку отворен дијалог и висока граѓанска свест, информираа од општината. 
 
Општина Дебар изразува посебна благодарност и длабока почит до сопствениците на овие објекти, кои покажаа разбирање, одговорност и соработка, отстранувајќи ги објектите во координација со општинските служби. 
 
-Ова е новиот стандард што сакаме да го изградиме а тоа се одлучни мерки во интерес на јавноста,  дијалог и меѓусебна почит, поуреден и пофункционален Дебар, одблокирани простори до модерна инфраструктура, додаваат од општината. 

Најавуваат дека на овие ослободени простори, Општина Дебар веднаш ќе започне со реализација на изградба на  јавни паркинзи, улици и тротоари, јавно осветлување  зеленило и модерни јавни површини. 
 
-Ова е само почеток на долгорочна стратегија за враќање на редот, естетиката и функционалноста што Дебар ја заслужува. Јавниот простор им припаѓа на сите и треба да служи за заедничкиот интерес. Продолжуваме напред со работа, транспарентност и соработка, затоа што Дебар е нашиот заеднички дом, порачуваат од  Општина Дебар.

 Нагласуваат дека Општина Дебар започна ново поглавје во урбаното управување и ослободувањето на јавните површини, покажувајќи дека кога институциите и заедницата работат заедно, позитивните промени се неизбежни.

Претходно, успешно беше реализирана акција за отстранување на хаварисани возила оставени на јавни површини.


Слично

Поврзани вести