Општина Чаир потврди дека двајцата затрупани браќа работеле без дозвола
Службите на општината Чаир потврдија за Алсат дека градежните работи во кои што при трагичната несреќа загинаа двајца браќа незаконски ја спроведувала фирмата. Покрај работата, нелегализиран бил и објектот, односно местото, на кое се работело
Инаку, несреќата се случила попладнево на улицата "Кемал Сејфула" во Чаир. За време на отворањето на каналот при длабочина од два метри земјата затрупа две лица на возраст од 26 и 28 години, додека 54-годишен работник е полесно повреден.
Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден, сабота.Телата на двајцата работници кои утрово беа потрупени со земја при ископ на канал во скопската населба Чаир се извлечени и однесени од погребално возило.
Слично
