Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на Владо Јаневски
Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации.
Со оглед на тоа што Јаневски беше и долгогодишен жител на оваа ошптина, од општината велат дека во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски.
Фото: Владо Тануровски
Слично
