Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Центар собрала 4 милиони евра од фирми и граѓани како казни

Општина Центар собрала 4 милиони евра од фирми и граѓани како казни

Околу четири милиони евра инкласирала општина Центар минатата година од судски пресуди и активирани банкарски гаранции во буџетот, соопштија денеска оттаму. 

„По основ на активирани банкарски гаранции и договорни казни од вкупно 6 постапки, минатата година Општина Центар во буџетот инкасирала 65.125.816 денари, а во буџетот на државата се слеале 25.389.383 денари. Најголемиот дел од средствата се наплатени на име на договорна казна со правно лице од Скопје, поради незавршување на градба на објект во предвидениот рок кој бил наведен во добиеното одобрение за градба. Активирана се и банкарски гаранции од правно лице од Скопје во стечај, каде општината за непочитување на склучени договори и непреземање на договорни обврски, наплатила износ од 1.240.000 денари, стои во соопштението.

Додаваат и дека од 10 судски предмети Општина Центар во 2020 успеала да внесе во својот буџет дополнителни 133.458.403 денари. Овие средства општината ги наплатува по основ на долгови од повеќе јавни институции, правни и физички лица. 

„Покрај горенаведените активности, општината има неколку отворени постапки каде средствата не се сѐ уште извршени, а поднесена е и кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против едно лице за постапување спротивно на членот 389 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, односно за незаконско симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено службено лице за осигурување на предмет или просторија, велат од општина Центар. 

Слично

Поврзани вести