Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Центар со решение да се отстрани бутикот-доградба на улица Македонија

Општина Центар со решение да се отстрани бутикот-доградба на улица Македонија

Фото: СДК

Општина Центар објави дека овластен градежен инспектор издал решение да се отстрани доградбата на локал на улица „Македонија“.

Претходно на една од најпрометните пешачки зони во Скопје на местото на летна тераса од кафуле никна бутик за облека. Со тоа се узурпира јавна површина, односно пешачката зона во строгиот центар на главниот град.

Како што известуваат од Општината, станува збор за доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост на РСМ“ и доколку инвеститорот не го врати објектот во првобитна состојба, локалната самоуправа сама ќе го направи тоа.

„Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, овластениот градежен инспектор донесе Решение за отстранување на градбата.

Претходно беше објавено дека на сопственикот на терасата му доставиле покана да дојде во Општината на разговор и да ја донесе на увид документацијата. Јавна површина може да се користи за летни тераси на кафулиња, но не и за бутици и продавници. 


Слично

Поврзани вести