Општина Центар казнуваше градежни инвеститори за узурпација на јавни површини
Општина Центар објави дека во изминатиот период се направени контроли на 30 градилишта и изречени 24 казни за прекршувања – од незаконско зафаќање јавни површини до валкани гуми. Казните се движат од 1.300 до 1.800 евра.
- Како општина, имаме јасна цел – ред, безбедност и заштита на јавниот простор. Ќе реагираме на секое нарушување и ќе продолжиме со редовни и интензивни контроли на сите активни градилишта, информира градоначалникот Горан Герасимовски.
Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.
Слично
