Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општина Центар го укина бесплатниот превоз за екскурзии

Општина Центар го укина бесплатниот превоз за екскурзии

Општина Центар со одлука од оваа година повеќе не издвојува средства за бесплатен превоз на еднодневна екскурзија за децата од основните училишта.

- Парите се пренаменети само за деца кои спаѓаат под ранливи категории. Досега локалната самоуправа уплаќаше по 200 денари од ученик. Известени се сите основни училишта - изјави Катерина Цаневска, гласноговорникот на Центар.

Родителите сега сами си плаќаат за тековните пролетни екскурзии кои се одвиваат овие денови.

- По малку сме затекнати, бидејќи ќе беше подобро за нашите деца со бесплатниот превоз. Вака превозниците ќе се обидат да сместат што е можно повеќе ученици во што помалку автобуси и тие ќе седат на подовите без воопшто да има комоција - се пожали родител на ученичка од осмо одделение од ОУ „Гоце Делчев“

Претходното раководство на градоначалникот Андреј Жерновски донесе одлука од 2016-та да биде обезбеден бесплатен превоз за сите деца-ученици од основните училишта под надлежност на општината. 

А.К.

Слично

Поврзани вести