Општина Центар ги објави имињата на кафе-баровите со отстранети летни тераси
Општина Центар ги објави имињата на игостителските објекти кои доставиле барање до Град Скопје за вршење дејност надвор од својот деловен простор и поставување урбана опрема, но добиле официјално решение од Градот со кое нивното барање се одбива. Но, и покрај тоа, тие постапиле спротивно од решението.
„Предмет на отстранување се објектите кај кои е утврдено дека и покрај немање одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, тие ја поставиле опремата и направиле тераси со кои бесправно узурпирале јавен простор“, појаснуваат општинските власи.
На листата со објекти кај кои Центар изминатиов период утврдил нерегуларности и во согласност со тоа следува отстранување на терасите се: ресторан „Гурмет“, кафе-бар „Паладиум“, кафе-бар „Кофи фектори“, гостилница „Сушико“, гостилница „Лантерн“, ресторан „Барака“, кафе-бар „Броз-кафе“, гостилница „Фрути ди маре“, кафе-бар „Деус“, бистро „Правда“, кафе-бар „Нано-бар“, гостилница „Бруклински“, гостилница „Булевар“, кафе-бар „Винил“, кафе-бар „Џус-бар“, кафе-бар „Локал 45“ и гостилница „Сквер“.
Станува збор за угостителски објекти чии летни тераси ја узурпираат јавната површина во Дебар Маало.
