Општина Аеродром без струја поради пожар на депонијата Вардариште
Поради голем пожар кој избил на поранешната депонија Вардариште крај Скопје, поголемиот дел од Општина Аеродром превентивно остана без електрична енергија, поради опасност од зафаќање на мрежата и опремата.
„РЦУК - Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Моментално во гаснењето учествуваат 7 противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.
Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија“, објави Центарот за управување со ркизи.
Слично
