Економија, финансии, бизнис

Контакт

Општа болница Куманово целосно ќе се загрева со природен гас

Општа болница Куманово целосно ќе се загрева со природен гас

Заврши гасификацијата на Општата болница во Куманово. 

Сега оваа здравствена установа целосно ќе се загрева со природен гас.  Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека ова е втора гасификација на јавна здравствена установа за неполни две години. 

Тој нагласува дека во тек се зафати за енергетска ефикасност на 28 објекти од здравствениот сектор. Опфатени се Клиниката за физикална медицина во Козле, Здравствените домови во Валандово, во Кратово, во Крива Паланка, во Неготино, во Пробиштип, во Радовиш, во Ресен, во Свети Николе, во Штип, Поликлиника Идадија во Скопје, УК за Психијатрија, како и повеќе здравствени институции – станици во селата Карбинци, Пештани, Белчишта, Бучин, Герман, Ранковце, Зрновци, Блатец и Извор. 

„Во септември лани ја завршивме гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Последните четири години интензивно инвестиравме во кадар и во опрема, обидувајќи се, со децении уништуваниот здравствен систем, да го направиме подостапен и пофункционален како за пациентите, така и за здравствените работници“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. 

Слично

Поврзани вести