Економија, финансии, бизнис

Контакт

OПРЕДЕЛЕНА Е МЕРКА КУЌЕН ПРИТВОР: Еве што одлучи судот за случајот во РЕК Битола

OПРЕДЕЛЕНА Е МЕРКА КУЌЕН ПРИТВОР: Еве што одлучи судот за случајот во РЕК Битола

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО Битола за определување мерка притвор за двајцата осомничени и наместо тоа определи мерка куќен притвор.

Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на Судот и ќе бара мерка ефективен притвор.

Сопственикот на компанијата „Марковски компани ДООЕЛ“, Борче Марковски, според објавите на повеќе домашни медиуми е упасен во акција на Финансиската полиција. 

Компанијата „Марковски компани ДООЕЛ“ од Битола, е позната по соработката со РЕК Битола, бидејќи имаше добиено тендери со милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. 

Слично

Поврзани вести