Опозицискиот градоначалник на Крива Паланка доби кривична пријава од МВР за одобрение на куќа-дивоградба
Градоначалникот на Крива Паланка,Сашко Митовски, доби кривична пријава од МВР за злоупотреба на службена положба и овластување, на неколку месеци пред локалните избори, наводно поради тоа што му овозможил на физичко лице со изминат рок на одобрение да догради куќа со деловен рпостор.
Третопријавениот Митовски, како градоначалник на општина Крива Паланка, се вели во соопштението, не извршил должен надзор и контрола на издаденото решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко.
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за градење, кое го поседувал инвеститорот, бил изминат. Второпријавената М.К.-раководител на Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општина Крива Паланка, спротивно на своите работни задачи и обврски, не извршила должен надзор и контрола на решението за промена на инвеститор и со потпишување го одобрила како важечко, со што му овозможила на Г.С. од Крива Паланка да ја продолжи претходно започнатата градба на куќа со деловен простор без да поседува важечко одобрение за градење, објави МВР.
Слично
