ОПОЗИЦИСКИ БЛОКАДИ: За да не главите во гужва денес избегнете ги овие крстосници во Скопје
Опозицијата и вечерва во 18 часот ќе излезе на протест против како што велат монтираниот случај за наводен тероризам со приведувањето на 36 екс функцинери и актуелни пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата на Никола Груевски велат дека народот е уценет а на љубовта кон татковината се гледа како кон грев, кој се казнува.
Велат дека пртворите се неосновани и имаат за цел да го заплашат секој кој решил да крене глас против власта на СДСМ.
Од 15 до 17 часот и денеска ќе бидат блокирани неколку крстосници во главниот град.
Па затоа, ако не сакате да заглавите, во и онака големите гужви низ Скопје кога во тој период си тргнуваат и сите од работа, тогаш избегнувајте ги крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
