ОПОЗИЦИСКАТА СДСМ ИЗЛЕЗЕ СО ОБВИНУВАЊЕ ЗА СЕРГЕЈ ПОПОВ ОД УМС НА ВМРО-ДПМНЕ: „Во 2014 година возел пијан и повредил жена“
СДСМ излезе со обвинување за пратеникот и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, дека пред 11 години наводно возел под дејство на алкохол, поради што побараа тој да поднесе оставка од пратеничката функција.
„Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена!
Заради таквите како него младите се незадоволни и се на улиците.
Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС“, се вели во објавата на СДСМ на нивната официјална страница на социјалната мрежа фејсбук.
Слично
